„Олд Трафорд“ оди во историја: Ретклиф ќе гради стадион за двe милијарди фунти


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сер Џим Ретклиф купи дел од акциите на Манчестер јунајтед, по што најави големи планови меѓу кои е и изградба на нов стадион со што „Олд Трафорд“ би заминал во историјата.

Ретклиф требаше да инвестира 250 милиони евра во реновирање на „Олд Трафорд“, но тоа станува невозможна мисија поради големиот број дозволи кои треба да се извадат, па затоа милијардерот има друг план.

Британскиот милијардер е подготвен да изгради нов стадион кој ќе се нарекува „Вембли на Северот“ и ќе чини два милијарди фунти.

„Потребни се инвестиции и помош. ‘Олд Трафорд’ е изморен и потребно му е реновирање. Постои и друг начин, место да реновираме можеме да изградиме нови стадиони по примерот на: Тотенхем, Арсенал и Манчестер Сити“, кажа Ретклиф.