Казнет судијата кој го оштети Реал Мадрид (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Реал Мадрид минатиот викенд одигра 2-2 против Валенсија на „Месталја“, но главниот судија Хесус Хил Мансано донесе контроверзна одлука на крајот.

Мансано означи крај на мечот, иако Родриго во тој момент испрати центар-шут, а една секунда подоцна Џуд Белингам погоди за „кралевите“.

Судијата доби жестоки критики од шпанската јавност поради неговиот потег, а судиската комисија на Ла Лига реши да го суспендира Мансано на два натпревари.

Казната на арбитарот може да биде уште поголема затоа што во меѓувреме ќе се отвори и дисциплинска постапка против него.