Анчелоти во проблеми – му се заканува затворска казна од пет години!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се наоѓа во сериозни проблеми и се соочува со затворска казна од речиси пет години.

Шпанското обвинителство побарало да биде осуден на затвор од траење од речиси пет години поради даночно затајување во 2014 и 2015 година.

Според информациите од Шпанија, Анчелоти избегнал правилно оданочување при првиот мандат на клупата на „кралскиот клуб“.

Италијанецот наводно ги сокрил вистинските приходи со цел да плати помалку пари за данок на државата.