Арсенал ќе плати 32 милиони евра за да го откупи голманот Раја

Арсенал се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), откако на пенали го елиминира Порто.

Голманот на Арсенал, Давид Раја беше херој на победничкиот тим, откако одбрани два пенали, а тоа го натера раководството на премиерлигашот да го откупи неговиот договор.

„Топчиите“ ќе ја активираат неговата откупна клаузула која изнесува 32 милиони евра колку што ќе добие Брентфорд.

Арсенал в петок на ждрепката ќе го дознае следниот ривал во елитното натпреварување.