Кошаркарите на МЗТ нападнати на полувреме, пристигна реакција од Чаир


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварот меѓу Чаир и МЗТ Скопје не се доигра, откако гостите обвинија дека биле нападнати на полувреме од непознати лица.

МЗТ соопшти дека кошаркарите на тимот од Аеродром биле нападнати, а Чаир тврди дека таков инцидент не се случил.

„Одличен натпревар со одлична атмосфера, полна сала и вечер која долго ќе остане во нашето сеќавање бидејќи се потврди дека Чаир е храм на спортот. Кога во прашање се лажните информации кои се појавија во јавноста целосно демантираме. Натпреварот се снима од сите агли и од многу медиуми. Таканаречениот „инцидент“ е измислен е од противничкиот тим во моментите кога губат, тие објавија нереални работи. Гарантираме дека немаше физички контакт во ниту еден момент“, соопшти Чаир.