Четири премиерлигаши во борба за ѕвезда на Реал Мадрид


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Реал Мадрид ова лето ќе се обиде да потпише договор со Килијан Мбапе, а поради тоа ќе биде „жртвуван“ Родриго кој мора да замине од шпанскиот гигант.

Родриго најави дека сака да остане и да се бори за позиција во клубот, но претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез планира да го продаде и да заработи над 100 милиони евра за неговиот потпис.

Шпанскиот медиум „Спорт“ објави дека Арсенал, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Ливерпул се заинтересирани за Родриго и планираат да испратат понуди до Мадрид.

За потписот на Родриго ќе се бараат над 100 милиони евра, а најверојатно бразилскиот фудбалер не би имал ништо против да се пресели во Премиерлигата.