Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најдобрите бразилски фудбалери во светот, Винисиус Жуниор се расплака на прес-конференцијата пред мечот со Шпанија додека зборуваше за расизмот.
Винисиус често е мета на расистички навреди од трибините, а сега во разговор со новинарите кажа како се чувствува.
„Сè е тажно, тоа што се случува секој ден не е нормално. Жал ми е затоа што морам постојано да се жалам. Ова му се случувало на татко ми, а сега на мене. Имам сè помалку желба да играм фудбал, но нема да се предадам. Сакам да имам статус како сите други и да живеам нормален живот“, кажа Винисиус.