Волф испрати порака до Ферстапен: Го чекаме Макс во Мерцедес

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф зборуваше за потенцијалната замена за Луис Хамилтон, кој од 2025 година ќе вози за Ферари.

Волф призна дека главна желба на Мерцедес е трикратниот светски шампион Макс Ферстапен од Ред Бул.

„Треба да видиме што сака Макс и дали ќе остане во Ред Бул. Тој е прв на листата со желби. Го чекаме Макс во Мерцедес. Сепак, има уште неколку опции на располагање. Тоа се Андреа Кими Антонели, Фернандо Алонсо и Карлос Саинц“, кажа Волф.