Трката за титулата е готова: Тухел се предаде и му честиташе на Баер Леверкузен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен загуби од Борусија Дортмунд со 0-2 на домашен терен, а тоа за тренерот Томас Тухел значеше и крај на битката за титулата во Бундеслигата.

Екипата од Минхен во моментов има 13 бодови помалку од лидерот, а Тухел смета дека не постојат шанси да се случи некаков пресврт до крајот на сезоната.

„Му честитам на Баер Леверкузен за титулата. По овој меч нема што повеќе да зборуваме за трофејот“, кажа Тухел.