ПСЖ тргна да му се одмазди на Реал за Мбапе, но доби „корпа“ од Мадрид

Францускиот шампион ПСЖ на крајот на сезоната ќе го загуби Килијан Мбапе, кој треба да се пресели во Реал Мадрид, а поради тоа парижаните сакале да се одмаздат.

„Светците“ испратиле понуда за Родриго од Реал Мадрид, но Бразилецот немал желба да потпише за ПСЖ.

ПСЖ има и уште неколку фудбалери на листата со желби, а меѓу нив се Виктор Осимен од Наполи, Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, Рафаел Леао од Милан и Луис Дијаз од Ливерпул.

Родриго најверојатно ќе биде продаден следното лето, а како негова потенцијална дестинација се споменува Премиерлигата.