Три гиганти се подготвени да понудат 200 милиони евра за Винисиус


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Винисиус Жуниор на крајот на сезоната би можел да го напушти Реал Мадрид за сума од 200 милиони евра.

Шпанските медуми пишуваат дека три гиганти се подготвени да платат 200 милиони евра, а тоа се ПСЖ, Ливерпул и Челси.

Ѕвездата на Реал не сака да замине, но постои можност да направи такво нешто поради доаѓањето на Килијан Мбапе.

Винисиус оваа сезона настапи на 28 меча за „кралевите“, а притоа постигна 18 голови и осум асистенции, а со клубот има договор до јуни 2027 година.