Клоп соопшти три добри вести пред мечот со Аталанта


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп соопшти дека во тимот се враќаат тројца важни фудбалери.

Алисон Бекер, Трент Александер-Арнолд и Диого Жота веќе некое време тренираат со првиот тим, а сега ќе се вратат во составот.

„Жота и Трент тренираат со нас и тоа се убави вести, а исто така Алисон е во завршна фаза на рехабилитацијата и ќе се врати меѓу стативите“, кажа Клоп.

Повратниците би можеле да добијат шанса и на дуелот против Аталанта.