Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карло Анчелоти имаше чуден избор на фудбалери за пенал-рулетот против Манчестер сити, но и покрај тоа Реал Мадрид оствари триумф и се пласира во полуфинале на Лигата на шампиони (ЛШ).
Помошниот тренер Давиде Анчелоти откри дека двајца фудбалери на „кралевите“ одбиле да шутираат пенали, а тоа се Федерико Валверде и Едер Милитао.
„Федерико требаше да биде петти изведувач на пенал, но ми кажа дека е изморен и наместо него го ставивме Рудигер“, кажа Давиде Анчелоти.
Милитао побарал да не шутира против неговиот сонародник затоа што двајцата го носат дресот на Бразил и голманот можел полесно да го „прочита“.