Ливерпул немаше сила за чудо во Бергамо, Леверкузен не знае за пораз оваа сезона

Вечерва беа одиграни реваншите во четвртфиналето на Лига Европа, по што беа познати екипите кои ќе играат во полуфинале.

Ливерпул поведе против Аталанта со 1-0 во седмата минута, но „црвените“ во продолжение немаа сила за уште некој гол, па така не ја анулираа негативата од три погодоци (0-3) од првиот меч.

Баер Леверкузен одигра 1-1 против Вест хем, но поради победата во првиот меч од 3-1 се пласира во полуфинале на Лига Европа.

Во полуфинале на елитното европско натпреварување ќе играат и Бенфика и Рома.