Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По стапките на Пауло Дибала идното лето би можел да тргне и италијанскиот репрезентативец Федерико Кјеза, кој не е во добри односи со Масимилијано Алегри.
Јувентус реши да ги разгледа понудите кои ќе пристигнат за талентираниот Италијанец, а „Тутоспорт“ објави дека за неговите услуги интерес покажала Рома.
Тренерот Даниеле Де Роси го почитува Кјеза и сака да биде прво негово засилување во летниот преоден рок.
Кјеза има соработка со Јувентус до јуни 2025 година, а неговиот трансфер би чинел околу 40 милиони евра.