Лунин има понуди од три гиганти: Украинецот му постави услов на Перез


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Андреј Лунин на почетокот на сезоната беше трета опција за голман на Реал Мадрид, но успеа да се избори за место меѓу стативите и сега привлече интерес од три екипи.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез му понуди нов договор бидејќи актуелниот му важи до јуни 2025 година, но Украинеот му поставил услов за да имаат состанок.

Лунин е голема желба на Манчестер јунајтед, Баерн Минхен и ПСЖ, а Украинецот е подготвен да остане во Мадрид само ако биде прв голман на тимот.

Украинскиот чувар на мрежата се надева дека повторно ќе биде прв избор и по враќањето на Тибо Куртоа кој во моментов е повреден.