Ентони си го оправда срамниот потег и ги нападна фудбалерите на Ковентри


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилецот Ентони предизвика бурни реакции поради прославата пред фудбалерите на Ковентри откако Манчестер јунајтед обезбеди финале во ФА-купот.

Весли Снајдер дури му посака и дебакл против Манчестер сити во финалето на ФА-купот, а Ентони по критиките реши да го оправда својот потег.

„Ковентри против нас покажа зошто стигна до полуфинале. Сепак, начинот на кој се однесуваа кон нашите навивачи не беше убав и затоа јас реагирав на провокациите“, кажа Ентони.