Реал Мадрид за некои не е атрактивен, но може да стане најдобар тим во историјата

Шпанскиот гигант Реал Мадрид би можел да се запише во историјата како екипа со најмалку порази во една сезона, со услов да играат во сите најсилни натпреварувања.

„Кралевите“ оваа сезона е блиску до потврда на титулата во Ла Лига, а има добар резултат и пред реваншот во Лигата на шампиони (ЛШ) против Баерн Минхен.

Реал има шанси да испише историја како тим со најмалку порази во една сезона, со услов да игра и во Лигата на шампиони освен во домашните натпреварувања, па поради тоа во оваа конкуренција не е Баер Леверкузен кој нема пораз сезонава.

Шпанскиот гигант би ја надминал својата генерација од сезоната 1968/69 која имаше три порази, додека Реал оваа сезона има само два порази.