Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот напаѓач Оливие Жиру ќе си замине од Милан на крајот на сезоната и ќе се пресели во МЛС-лигата, а негова замена треба да биде Бенџамин Шешко од Лајпциг.
Милан покажал сериозен интерес за Шешко, а „Газета дело Спорт“ пишува дека калчолигашот ќе направи сè што е во негова моќ за да потпише договор со него.
„Росонерите“ имаат и неколку резервни опции, а тоа се Џошуа Зиркзе од Болоња, како и Серху Гираси од Штутгарт.