Јокиќ има огромна причина да биде загрижен пред „мајсторката“ со Минесота


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Денвер нагетс го загуби шестиот меч против Минесота со 70-115 и во „мајсторка“ ќе решава за место во финалето на Западната конференција.

Никола Јокиќ не можеше сам во последниот дуел со Минесота, но во седмиот ќе има уште потешка задача затоа што се повреди еден од неговите најдобри соиграчи Џамал Мареј.

Мареј го повреди лактот по дуелот со Руди Гобер, а по мечот кажа дека играл со болка и тоа ги загрижи навивачите на Денвер.

„Разочаран сум што не можев да дадам сè од себе. Се надевам дека ќе бидам подготвен за седмиот дуел против Минесота“, кажа Мареј.