Гвардиола избран за тренер на сезоната во Премиерлигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеп Гвардиола го предводеше Манчестер сити до четврта титула по ред во Премиерлигата и заслужено ја доби наградата за тренер на сезоната.

Гвардиола по добивањето на признанието испрати порака до Микел Артета и Јирген Клоп.

„Сакам да ја поделам наградата со Артета, кој имаше одлични резултати со Арсенал. Тој навистина нè натера да одиме до нашите граници. Секако, тука беше и Клоп со кој имав битки за паметење“, кажа Гвардиола.