Флорес го нападна Лапорта: Не треба да кажам вакво нешто, но...

Жоан Лапорта го отпушти Чави, иако неодамна го молеше да остане, но потоа му се налути откако тренерот кажа дека Барселона има финансиски проблеми.

За оваа драма имаше коментар и тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес кој со Чави ќе се соочи в недела затоа што Барселона гостување на „Санчез Писхуан“.

„Ќе го прегрнам и ќе разговараме. Не треба оа да го кажам, но Барселона лошо се однесува кон своите легенди. Со Куман, Меси, Чави… Ова е многу лошо, посакувам клубовите подобро да се однесуваат кон своите легенди“, кажа Флорес.