Клоп призна: Ливерпул ме исцрпи, дадов сè од себе


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот тренер Јирген Клоп на крајот на сезоната го напушти Ливерпул и реши да замине на заслужен одмор.

Клоп ќе паузира најмалку една година од фудбалот, а во разговор со новинарите призна дека бил целосно исцрпен од предизвикот со Ливерпул.

„Не знам дали би работел во друг голем клуб. Дадов сè од себе, сега е време за одмор. Ливерпул ме исцрпи“, кажа Клоп.

Во медиумите се најавуваше враќање на Германецот во Борусија Дортмунд, но тоа не би се случило пред јуни 2025 година.