Се вклучи алармот во Реал Мадрид: Белингам се повредил пред финалето во ЛШ!? (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вечерва од 21 часот се игра финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, а пред дуелот се појави загриженост во редовите на шпанскиот шампион.

Камерите снимија како Џуд Белингам се држи за левото рамо, а за ситуацијата прашува и неговата мајка, па тоа отвори дискусија на социјалните мрежи дека Англичанецот најверојатно се повредил.

Според шпанските медиуми, Белингам почувствувал болки, но нема посериозни проблеми и не се очекува негово отсуство од вечерашната пресметка против „милионерите“.