Алварез заминува во гигант во чиј дрес никој не можеше да го замисли?


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез е блиску до заминување од англискиот шампион Манчестер сити, а како негова следна дестинација се споменува Атлетико Мадрид.

Алварез оваа сезона постигна 19 голови во сите натпреварувања и помогна во освојувањето на шампионската титула во Англија.

„Марка“ пишува дека Алварез преговара со Атлетико Мадрид, но „граѓаните“ за услугите на Аргентинецот бараат неверојатни 80 милиони евра.