Анчелоти се премисли – ќе игра ли Реал Мадрид на Светското клупско првенство?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти кажа дека Реал Мадрид ќе одбие покана да биде дел од Светското клупско првенство (СП) кое ќе се одржи во 2025 година со 32 екипи, меѓутоа потоа пристигна демант од шпанскиот шампион.

Анчелоти потоа посочи дека неговата изјава била интепретирана на погрешен начин во јавноста и „кралевите“ ќе настапат на големото натпреварување.

„Некои зборови кои ги кажав во интервјуто не беа пренесени на вистински начин во јавноста и затоа се случи забуна“, кажа Анчелоти.