Димитриевски потпиша двегодишен договор со Валенсија

Македонскиот голман Столе Димитриевски потпиша договор со Валенсија, каде што се сели по шест години поминати во Рајо Валјекано.

Димитриевски стави потпис на двегодишна соработка со клубот од „Месталја“, а се очекува да биде прв голман на шпанската екипа која сака да го продаде Мамардашвили.

Столе во минатото бранеше и за Гимнастик, Гранада, Кадиз, Удинезе и Работнички.