Тен Хаг ќе добие од Ретклиф и засилување од 83 милиони евра

Манчестер јунајтед му даде уште една шанса на тренерот Ерик Тен Хаг, откако тој имаше успешен состанок со Џим Ретклиф.

Милијардерот, освен нова шанса, на Тен Хаг ќе му донесе и ново засилување од 83 милиони евра, а станува збор за Џеред Брантвајт.

Дефанзивецот е еден од најталентираните во Англија, а има и многу предности во играта како што се добра контрола на топката, одлична игра во воздух и други квалитети.

Евертон бара 83 милиони евра за услугите на Брантвајт, а Ретклиф е подготвен да го исполни барањето.