Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на Франција, Дидие Дешам кажа дека е среќен поради победата на неговите избраници, меѓутоа имаше и критики за нив.
Победата на „триколорите“ падна во сенка на повредата на Килијан Мбапе, а Дешам воедно кажа дека екипата мора да биде поефикасна во нападот.
„Сите натпревари се тешки, можевме да играме подобро во нападот. Очигледно имаме квалитет, талент и сè останато, но мора играчите да бидат подобри во играта без топка“, кажа Дешам.
Франција во следното коло ќе игра против Холандија.