Калафиори трагичар: Шпанија оди во осминафинале на ЕП


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанија славеше во дербито против Италија со 1-0 и се пласира во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) во Германија.

„Црвената фурија“ доминираше во текот на целиот натпревар, а посебно расположен на теренот беше Нико Вилијамс.

Мрежата на Џанлуиџи Донарума ја затресе несреќниот Калафирои, кој реагираше лошо во казнениот простор.

Шпанците и во продолжение имаа добри шанси, но Донарума со неговите интервенции ги спаси „аѕурите“ од потежок пораз.