Челси го продаде Матсен, па си купи фудбалер од Астон вила

Англискиот гигант Челси продолжи со трансферите во летниот проден рок, па така најпрво го продаде Иан Матсен во Астон вила, а потоа си купи друг играч од клубот од Бирмингем.

Матсен потпиша за Астон вила за сума од 35 милиони фунти, а потоа Челси го ангажира талентираниот Омари Келиман за 19 милиони фунти.

Келиман потпиша договор со „сините“ до јуни 2030 година со опција да го продолжи договорот на уште една година и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Мареска.