Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вечерва беше комплетирана осминафиналната рунда на Европското првенство (ЕП) во Германија, откако Турција славеше со 2-1 против Австрија.
Демирал погоди за водство на Турција на стартот на натпреварот, а до крајот на првото полувреме не се менуваше резултатот.
Арнаутовиќ промаши голема шанса на почетокот на вториот дел, а потоа Демирал стрелаше за 2-0 по асистенција на Ѓулер.
Австрија во финишот постигна почесен гол преку Грегориш, а имаше и уште неколку шанси, но резултатот не се менуваше.