Меси ќе го пропушти четвртфиналето на Копа Америка!?


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Аргетинскиот репрезентативец Лионел Меси се повреди и засега не е познато дали ќе настапи против Еквадор во четвртфиналето на Копа Америка.

Селекторот Лионел Скалони во следните денови треба да одлучи дали ќе му даде шанса на Меси од првата минута на теренот.

„Ќе почекаме пред да донесеме одлука. Доколку не е подготвен, ќе бараме друго решение во тимот. Ќе разговарам со Меси, мислам дека е правилно да почекаме одредено време“, кажа Скалони.