Челси си купи нов лев бек за 14 милиони евра!

Англискиот гигант Челси денеска го потврди трансферот на талентираниот лев бек Ренато Веига, кој ќе потпише договор до 2032 година.

Челси ќе плати 14 милиони евра за трансферот од Базел, а веќе ги закажа и медицинските прегледи во Лондон.

Во договорот нема да има откупна клаузула или процент од следниот трансфер, а управата на премиерлигашот верува дека Веига уште од следната сезона може да се пробие во првиот тим на „сините“.