Перез и Анчелоти договорија засилување од 50 милиони евра


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид планира одредени промени во екипата ова лето, откако си замина Начо Ернандез и главна желба стана Лени Јоро.

По потврдата на трансферот на Килијан Мбапе, „кралевите“ се фокусираа на талентираниот дефанзивец на Лил, а шпанските медиуми пишуваат дека паднал договор.

Јоро прифатил да заигра за „кралевите“, кои ќе исплатат 50 милиони евра за неговите услуги и трансферот наскоро ќе биде реализиран.