Нигез по осум години заминува од Атлетико Мадрид – позната е следната дестинација!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Саул Нигез ја заврши својата авантура во Атлетико Мадрид и од следната сезона ќе го носи дресот на Севилја.

Нигез по осум години го напушта тимот од „Ванда Метрополитано“, а со екипата од Андалузија потпиша тригодишен договор.

Искусниот шпански играч за Атлетико досега одигра 420 натпревари, а притоа постигна 48 голови.

Шпанецот во 2021 година имаше кратка позајмица во Челси, но не се прослави и веднаш се врати во Мадрид.