Санчо се смири со Тен Хаг, но ќе биде продаден!?

Англискиот фудбалер Џејдон Санчо вчера се врати во Манчестер јунајтед откако имаше разговор со тренерот Ерик Тен Хаг.

„Гардијан“ објави дека Тен Хаг се смирил со Санчо, но тоа не е гаранција дека англискиот играч ќе остане на „Олд Трафорд“.

Иако овој потег требаше да значи крај на шпекулациите за иднината на Санчо, сепак тие продолжуваат и најверојатно Англичанецот до крајот на летото ќе добие нов клуб.

Санчо минатата сезона играше за Борусија Дортмунд за кој настапи на 24 меча, а притоа постигна три голови и три асистенции.