Воткинс пред мечот со Шпанија: Ние сме како Реал Мадрид


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Оли Воткинс постигна гол за победа на Англија против Холандија во полуфиналето на Европското првенство (ЕП).

Воткинс даде интересен коментар пред мечот со Шпанија в недела каде што ќе се борат за пехарот на ЕП.

„Ние сме како Реал Мадрид во Лигата на шампиони (ЛШ). Имаме самодоверба дека ќе постигнеме гол штом ја добиеме топката во наши нозе. Тешко е да не победиме. Не е важно дали играме лошо, затоа што имаме квалитет да постигнеме гол во секој момент“, кажа Воткинс.