Белингам разочаран по поразот на Англија: Ми се скрши срцето!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Англија загуби од Шпанија со 1-2 во финалето на Европското првенство (ЕП) и ова е втор турнир по ред како останува без трофејот.

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам не можеше да се помири со поразот на Англија.

„Не е убаво да загубите на ваков начин. Дефинитивно имавме добри шанси, но тие нè шокираа со гол пред крајот. Ми се скрши срцето. Сакавме да испишеме историја, но не успеавме“, кажа Белингам.

Англија го загуби и финалето во 2021 година од Италија.