Саутгејт се повлече – има четири кандидати за негов наследник


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Герет Саутгејт реши да се повлече од селекторската позиција на Англија откако беше поразен во финалето на Европското првенство (ЕП) од Шпанија.

„Гордиот Албион“ разочара со второто загубено финале, па поради тоа Саутгејт реши да му ја препушти улогата на селектор на друг тренер.

На листата со желби за негов наследник се три домашни имиња, односно Грем Потер, Еди Хау и Ли Карсли, како и Аргентинецот Маурисио Покетино, кој е добро познат на англиската фудбалска јавност.