Синот на Леброн не е дораснат за дресот на Лејкерс


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Брони Џејмс не ги оправда очекувањата на навивачите на подготвителните натпревари за Лос Анџелес Лејкерс, иако се очекуваше да биде тандем со татко му Леброн Џејмс.

Брони постигна само два поени против Бостон (74-88), а одигра дури 25 минути. Неверојатно е тоа што има дури 15 промашени удари за три поени.

Џејлен Браун го критикуваше младиот Џејмс, за кој смета дека треба уште да учи пред да дојде во НБА-лигата.

„Мислам дека Брони не е професионалец, има уште многу да учи“, кажа Браун.