Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот голман Дамјан Шишковски беше херој на Борац Бања Лука во дуелот против албанска Егнатија во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).
Натпреварот се решаваше на пенали, каде што Шишковски беше на висина на задачата и одбрани два удари од белата точка во третата серија.
Првата одбрана му беше поништена затоа што предвреме ја напуштил гол-линијата, но во вториот обид повторно беше поуспешен од противникот.
Борац во следното коло ќе се бори против грчки ПАОК.