Де Брајне ги пакува куферите и заминува од Манчестер сити


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити ќе остане без еден од најдобрите фудбалери за следната сезона затоа што Кевин Де Брајне е подготвен да се пресели во Саудиска Арабија.

Англиските медиуми пишуваат дека Де Брајне постигнал договор за личните услови со Ал Итихад, па остануваат само преговорите меѓу екипите.

Де Брајне не ја криеше желбата за преселба во С. Арабија, а очигледно Ал Итихад му понудил услови кои не можел да ги одбие.

„Ако постои добра понуда и му кажете на Пеп дека сакате да заминете, тогаш би можел да заминам од Манчестер сити“, неодамна кажа белгискиот фудбалер.