Гвардиола откри кој фудбалер може да го замени Де Брајне

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола со целосно право се смета за еден од најдобрите експерти во светот.

Гвардиола освои многу титули со Манчестер сити и уште еднаш ја потврди неговата генијалност, но ова лето се соочува со распад на шампионскиот тим.

Кевин Де Брајне е на излезни врати од „Итихад“, а Гвардиола откри кој фудбалер би можел да го замени Белгиецот.

Гвардиола смета дека англискиот репрезентативец Џуд Белингам би бил идеално решение за „граѓаните“.

„Белингам е решение, но за жал не може да го купиме. Џуд игра за Реал и со години ќе доминира со новиот тим“, кажа Гвардиола.