Тен Хаг: Манчестер јунајтед немаше освоено титула шест години пред да дојдам јас!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер јунајтед ова лето прави ремонт на екипата со цел да ја нападне титулата во Премиерлигата, а тренерот Ерик Тен Хаг смета дека е вистински човек за предизвикот.

Тен Хаг неодамна потпиша нов договор со „ѓаволите“, а во интервју за медиумите кажа дека клубот немал освоено титула цели шест години пред да дојде тој на кормилото и си го препиша успехот на своја сметка.

„Овој клуб немаше освоено титула шест години. За две сезони, освен Гвардиола, освоив најмногу во англискиот фудбал. Можеме секого да го победиме, а тоа го докажавме на теренот“, кажа Тен Хаг.