Санчо може да замине од „Олд Трафорд“, ама само под еден услов

Англискиот репрезентативец Џејдон Санчо се смири со тренерот Ерик Тен Хаг по враќањето во Манчестер јунајтед, но сè уште останува отворена вратата за негово заминување.

Францускиот шампион ПСЖ е заинтересиран за услугите на Санчо, а Англичанецот не би имал ништо против да се пресели во Париз.

Премиерлигашот бара сума од 48 милиони евра за потписот на Санчо, а тоа е речиси двојно помалку отколку што потроши за неговите услуги.

Санчо минатата сезона беше исфрлен од првиот тим на „ѓаволите“, па беше испратен на позајмица во Борусија Дортмунд каде што блесна.