Реал Мадрид земал кредит за да го ангажира Мбапе


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе конечно летово се пресели во Реал Мадрид и ќе биде главен фудбалер во следната сезона.

„Кралевите“ за да потпишат договор со Мбапе мораа да платат 100 милиони евра, а исто така Французинот ќе добива и 31,2 милиони евра годишна плата.

Ова е голем финансиски предизвик за „кралевите“, кои во минатиот период нема проблеми, меѓутоа решија да земат кредит во износ од 130 милиони долари.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал во моментот на ангажман на Мбапе имал 82 милиони евра на сметката како пари за тековни операции.