Ендрик ги откри неговите пет омилени фудбалери


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилецот Ендрик има 18 години и е голема надеж за иднината на Реал Мадрид, а веќе настапи на неколку пријателски меча за шпанскиот гигант.

Ендрик ќе дебитира во дресот на „кралевите“ на 14 август кога Реал Мадрид ќе се соочи против Аталанта во европскиот Суперкуп.

Младиот фудбалер во интервју зборуваше за неговите омилени фудбалери, а на листата се наоѓаат Винисиус Жуниор, Џуд Белингам, Кристијано Роналдо, Ференц Пушкаш и Боби Чарлтон.

Интересно е тоа што на неговата листа немаше играчи како Роналдо, Роналдињо, Нејмар, Меси и други.