Ужасни сцени: Фудбалер на Лил лежеше неподвижен – половина час! (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Дуелот меѓу Ремс и Лил го одбележа голема драма откако фудбалерот на гостите, Анхел Гомес остана да лежи на тревникот дури половина час.

По дуелот со Амаду Коне, Гомес остана неподвижен, а тоа ги вознемири фудбалерите на двете екипи.

Гомес веднаш доби медицинска помош и потоа беше изнесен од теренот за да продолжи средбата.