Жирона го регистрира Миовски: Познато кога ќе дебитира Македонецот


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го облече дресот на Жирона и ќе дебитира во мечот против Атлетико Мадрид в недела.

Шпанските медиуми пишуваат дека каталонскиот тим го регистрирал Миовски и најверојатно напаѓачот ќе биде стартер против Атлетико.

Миовски пристигна во Жирона како замена за Артем Довбик кој ја продолжи кариерата во Рома.

Жирона ја почна сезоната со реми на гости кај Бетис.